Актуелно 28.06.2018 12:23

Шилегов воведува нова давачка за граѓаните, ќе се плаќа паркинг за мотори

Шилегов воведува нова давачка за граѓаните, ќе се плаќа паркинг за мотори

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денес изјави дека ќе воведе нова давачка, а таа е плаќање на паркинг за мотори.

Висината на цената на паркингот не ја соопшти, но најави дека тоа ќе го направи многу брзо.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржаловски, го праша Шилегов дали е точно дека ќе се воведе нова давачка, односно дали граѓаните, а пред се младите, ќе мора да плаќаат за паркинг на мотори, давачка која до сега не постоеше.

На ова Шилегов одговори дека многу брзо ќе се воведе паркинг за мотори.

Инаку, ова не е единствената нова давачка. Претходно имаше и друга, кога беше воведена А1 зоната за паркирање, каде паркинг билет за еден час чини 100 денари.