Актуелно 04.09.2018 10:45

Што излажа Димитров ? Црна Гора и покрај НАТО тоне во корупција и се намалуваат инвестициите

Што излажа Димитров ? Црна Гора и покрај НАТО тоне во корупција и се намалуваат инвестициите

Во емисијата Само Вистина вчера гостуваше Министерот за надворешни работи Никола Димитров во  која се разговараше за договорот со Грција влезот во НАТО и претстојниот референдум.

Имено, Димитров се обиде да ги прикаже придобивките од договорот со Грција и влезот во НАТО со споредба на другите соседни држави кои станале дел  од ова организација.  Така Димитров за споредба ја зеде Црна Гора како земја која како што кажа тој во првата половина од оваа година споредено со претходната имале повеќе од дуплирани инвестиции како резултат на нејзиното членство .

Но сепак  бројките и состојбите зборуваат сосема поинаку,така според официјалните информации на голем број на реномирани институции Црна Гора е опишана како земја каде сеуште  владее корупцијата и организираниот криминал. Исто така Црна Гора и покрај тоа што е членка на НАТО во извештаите  се вели дека сеуште оваа земја има нестабилна и бавна администрација која е една од најголемите пречки за влез на странски директни инвестиции.

 

Понатаму,  според  официјалните информациите објавени во Централната Банка вкупниот влез на  директни инвестиции паднале на 649, 2  милиони евра во 2017  што е за 5 % помалку споредено со 2016 година.

Голем број од експертите велат дека Македонија нема да има придобивки од членството во НАТО и дека реформите кои треба да се спроведат во економијата, судството, образованието и во сите сфери во општеството се работа на Владата. Само од ангажираноста на Владата во спроведување и имплементирање на здрави и темелни промени зависи развојот на една земја и нејзината подготвеност за влез во Европската унија.

Исполнувањето на критериумите кои ги бара Европската унија зависат единствено од способноста и агилноста на една владејачка гарнитура а не во потпишување штетни договори сметаат експертите мислејќи на договорот со Грција кој според нив го поткопува националниот идентитет и се коси со сите основни човекови права.