Актуелно 13.11.2018 19:54

Што предвидува унгарскиот закон за политички азил?

Што предвидува унгарскиот закон за политички азил?

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто попладнево за унгарските медиумите ниту ја потврди, ниту ја демантира информацијата за азилот на Никола Груевски.

Унгарските медиуми пак, веќе објавија што предвидува законот за политички азил во земјата. Анализираат и дека Груевски не би можел да се стекне со овој статус до крајот на годинава.

-Лицето кое бара азил мора да аплицира до Управата за имиграција и азил, веднаш штом се најде на територијата на земјата. Овој орган има законски рок од 60 дена да го прифати или одбие барањето, до кога треба да ги слушне причините зошто апликантот бара политички азил. Унгарскиот закон предвидува и забрзана постапка, во која може да се одлучи за 15 дена.