Словенците денес го прославуваат Денот на државноста, па затоа интересно е да се фрли поглед на некои интересни споредбени статистики.
Во споредба со 1991 година, словенечкото население старее, Словенците живеат осум години подолго, а за килограм леб треба да работат за третина пократко отколку пред нивната независност.
Во споредба со 1991 година, Словенија ја посетуваат три и пол пати повеќе туристи. Во 1991 година Словенија ја посетиле 1,4 милиони туристи, а во 2017 година три и пол пати повеќе, пишува порталот Siol.net.
На 1 јануари 1991 година, просечната возраст на населението во Словенија изнесувала 35,9 години, а 27 години подоцна се зголемила на 43,2 години. Бројот на млади луѓе драстично се намалил, а бројот на лица над 65 години се зголемил. Животниот век на просечниот словенец значително се зголемил, така што просечниот граѓанин на Словенија денес живее осум години подолго од 1991 година.
Од 1991 година, цените се зголемуваат побавно од платите. Така, за килограм леб во 2017 годин, Словенците требале да работат за една третина помалку отколку во 1991 година, додека за еден килограм кафе во 1991 година тие морале да работат четири пати повеќе од денес. За новиот Renault Clio, Словенците денес треба да работат половина пократко од 1991 година.
Бруто домашниот производ на Република Словенија по глава на жител во 1991 година беше четири пати понизок отколку во 2017 година. Во 1991 година тој изнесуваше 5.100 евра, а во 2017 година околу 21.000 евра. Треба да се забележи дека во првите две години од независноста на Словенија, првенствено заради загубата на југословенскиот пазар, БДП на Словенија драстично се намали (во 1991 година падна за 8,9 отсто, а во 1991 година изнесуваше 5,5 отсто).
Германија е најважниот трговски партнер на Словенија во сите овие години од словенска независност. Трговијата со Австрија значително се зголеми, а трговијата со земји надвор од ЕУ забележана е со Русија и Кина.