Вработените во два дистрибутивни центри на „Амазон“ во Германија почнаа штрајк бидејќи велат дека се незадоволни од работните услови, и тоа седум дена пред католичкиот Божиќ.
Синдикатот на работниците соопшти дека вработението во „Амазон“ земаат пониски плати во однос на вработените во секторите малопродажба и испораки на пратки во Германија. „Амазон“ претходно соопшти дека нивните вработени добиваат релативно високи плати за овој сектор, пренесува АП.