Професорката Гордана Силјановска Давкова која е претседателски кандидат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на идните претседателски избори во Република Македонија започна со собирање на 10 илјади граѓански потписи.
Денеска целосна поддршка таа доби во општините Ѓорче Петров и Бутел.
Во Ѓорче за Силјановска потпис даде и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
Инаку професорката не мора да го прави тоа, бидејќи ја има поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но уште на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека ќе ги собира овие потписи за да се прикаже како натпартиски граѓански кандидат.