Актуелно 18.05.2018 14:55

Сиромашните не возат автомобил – СДСМ не го прифати предлогот за укинување на акцизата

Сиромашните не возат автомобил – СДСМ не го прифати предлогот за укинување на акцизата

„Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил“, нагласи Мира Стојчевска, СДСМ.

 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека зголемувањето на акцизата негативно влијаело врз буџетот на секое семејство. Владата ваквата одлука ја донела во погрешно време кога расте цената на нафтата на светските берзи. Сите експерти сметат дека покачувањето на акцизата директно влијае врз џебот на граѓаните не само со зголемени трошоците на оние кои користат автомобил туку тоа влијае врз зголемување на трошоците на основните производи и зголемување на трошоците во транспортот во земјоделието а со тоа и директно удира по и онака скромниот буџет на граѓаните на Македонија кои веќе годиина дена живеат лошо и без ветената плата од 30.000 денари. Граѓаните се жалат дека цените полека растат додека платите стагнираат и тоа додатно влијае вр намалување на нивнииот и онака низок стандард.

Според пресметките на опозицијата повисоките цени на дизелот прави штета од околу 40 милиони евра врз индустријата и транспортот, цената на горивата скокнала за 30%, а трошоците на индустријата за една година ќе се зголемат за 5,5 милиони евра.

„Вкупните дополнителни трошоци од покачување на акцизата со кој ќе ја намалиме конкурентноста на македонскиот транспорт и ќе ги зголемиме трошоците кои ќе влијаат директно врз трошоците на производство врз трошоците на финалните производи за консумација на граѓаните и за трошоците на патниот сообраќај“, рече Драган Цуклев, ВМРО-ДПМНЕ.

Целокупната економска јавност во повеќе наврати ја критикуваше оваа мерка на владата но владата и понатаму останува на ставот дека оваа мерка нема да влијае врз сиромашните. Експертите велат дека со спиралниот ефект кој го има покачувањрто на нафтата не само што се погодени сиромашните туку на удар е и средната класа во државата која се повеќе ја нема. Реалноста е страшна бидејќи сиромашните стануваат посиромашни додека средната класа слабее со ваквиите катастрофални мерки на владата предводена од СДСМ децидни се економистите