Актуелно 15.05.2018 15:47

Сиромаштијата тропа на врата и кај средната класа со новите поскапувања и даноци додека сиромашните едвај го поминуваат месецот- празни ветувања за 500 евра плата

Сиромаштијата тропа на врата и кај средната класа со новите поскапувања и даноци додека сиромашните едвај го поминуваат месецот- празни ветувања за 500 евра плата

Со новите покачувања и најавени даноци се повеќе на удар е средната класа која е темел на секое здраво општество. Имено, секојдневно се покачува нафтата и бензините и со акцизата од 3, 5 денари која беше воведена на почетокот на годината од владата на СДСМ состојбата додатно се влошува.

Сиромашните во Македонија едвај врзуваат крај со крај и едвај наоѓаат начин како да го поминат месецот. Трошоците за живот постојано растат додека платите стагнираат.  Така цените на мало во април годинава се зголемени за 3% во однос на април лани, додека пак вкупните трошоци за живот се зголемени за 1.4%. Додатно со ова стандардот секојдневно опаѓа бидејќи сега на граѓаните им се потребни повеќе пари за да ги задоволат основните потреби кои ја креираат основната потрошувачка кошница.Според Државниот завод за статистика  платите во февруари оваа година, во однос на јануари се пониски за дури 867 денари. Со новото покачување на нафтата и бензините трошоците за живот додатно ќе растат така што  граѓаните ќе мораат да издвојуваат повеќе пари за истата количина на бензини и нафта а секако мора да се спомне и спиралниот ефект кој го има ова поскапување. Спиралниот ефект значи дека ова покачување ќе има директно влијание врз покачување на цените на основните  производи.

На ваков начин се удира по средната класа и секако по најсиромашните. Владата ветуваше јакнење на средната класа и намалување на сиромаштијата но и по една година од нивното владеење граѓаните не чувствуваат подобрување туку напротив секојдневно се жалат на мерките кои се погубни за целокупното нивно живеење и директно го намалуваат стандардот.

Инаку, ветувањата на владата за плата од 30.000 денари не е исполнето.