Актуелно 06.09.2018 14:24

СКАНДАЛ: Анѓушев фрлил фломастер кон новинарите, бил лут зошто медиумите го критикувале

СКАНДАЛ: Анѓушев фрлил фломастер кон новинарите, бил лут зошто медиумите го критикувале

Вицепремиерот Кочо Анѓушев им се налути на новинарите, па денес со фломастер фрлаше по нив. Дел од новинарите на социјалните мрежи ја споделуваат случката од денешниот брифинг одржан со вицепремиерот посочувајќи дека се се случувало кога камерите биле исклучени.

Анѓушев како што рекол на брифингот, бил лут затоа што бил критикуван од медиумите. Капката, која очигледно му ја прелила чашата на вицепремиерот, најверојатно била последната емисија на „360 степени“.

-На вицепремиерот Кочо Анѓушев не му се допаднала емисијата на 360 степени и во знак на револт на денешниот брифинг ноншалантно го фрли фломастерот кон новинарите со кој црташе и објаснуваше за автопатот Кичево -Охрид. „Претеравте , претеравте“ , со висок тон специфичен за него Анѓушев повторуваше и гледаше во нас новинарите, кои не знаевме за што се работи. Тој бил транспарентен и работел чесно и многу бил лут што година дена бил критикуван во медиумите. Ова се случува кога во салата во влада нема сниматели и камери , кога камерите се вклучија и побарав објаснување , вицепремиерот даде одговор но без вклучен микрафон, дека имали спорни моменти во емисијата. На крајот на настанот кога снимателите се спакуваа , нова ситуација. Анѓушев вели не можам веќе , на прашање дали значи тоа дека ќе се повлече и ќе даде оставка вели – НЕ ама од сега вака ќе постапувам…., пишува на социјалните мрежи новинар од Алсат телевизија кој присуствувал на брифингот.