До редакцијата на порталот на албански јазик “Без цензура“ – (Pa Censurë), осудени лица кои излежуваат казна затвор во затворот Идризово, пријавија дека нема лекови за дијабетичари повеќе од два и пол месеци.
-Јас боледувам од дијабетес, лековите „Глуформин“, кои се најчесто користени од страна на осудените лица, повеќе од два месеци ги нема. Мене ми ги носат од дома. Државата обезбедува буџет за овие лекови, зошто треба да ни ги носат од дома, вели осудениот во затворот Идризово, кој боледува од дијабетес.
Заменик директорот на затворот Идризово, Феми Јонузи, за ова прашање изјави:
“Информирани сме за недостатокот на лекови во затворот, но од 1-ви мај, надлежностите беа предадени на Здравствениот дом во Скопје”.
„Без цензура“, се обиде да добие одговор од Здравствениот дом во Скопје, но истите велат дека ќе одговорат по процесуирањето на прашањето.
За недостатокот на лекарства во затворот се бара одговорност.