Актуелно 03.05.2018 10:29

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел ја приватизира државата, постои сомнеж дека фирмите на Заеви преку РЕК Битола земаат пари од државниот Буџет

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел ја приватизира државата, постои сомнеж дека фирмите на Заеви преку РЕК Битола земаат пари од државниот Буџет

Криминалниот картел ја приватизира државата. Постои сомнеж дека фирмите на Заеви преку РЕК  Битола земаат пари од државниот Буџет, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев, кој тврдеше дека неговите фирми немаат ништо заедничко со ископ на јаглен, сега ретерира дека имале механизација, но ја продале. Сепак Заев бега  од одговори и не кажува што бараат камиони со Струмички регистарски таблички за кои постои сомнеж дека се на  Вице Заев, со налепници на „СВ – Инвест“ во РЕК Битола. Заев се вплетка во сопствените изговори и бега од одговори на клучни прашања. Заев бега од одговори, како што бега од одговори како фирмите на кланот Заеви го купија струмичкиот конфекциски гигант Герас Цунев со над 1.800 м2 деловен простор, за цена од само 20.000 евра. Неодамна кланот Заеви влезе и во милионскиот бизнис со марихуана, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев треба да одговори, колку е зголемен семејниот имот откако тој е премиер и во колку милионски бизниси влегуваат неговите блиски?

-Дали позицијата на  Заев се користи за зголемување на семејното богатство? Додека кланот Заев влегува во милионски бизниси, граѓаните се соочуваат со лош стандард, намалување на просечната плата за над 800 денари, држава со јавен долг над 5 милијарди, уплашена бизнис заедница и лоши економски показатели. Државата тоне, а Заев менаџира со државните ресурси само за потребите на картелот. Заев  не работи за граѓаните, Заев работи за интересот на неговиот клан. Државата и граѓаните заслужуваат подобро. Оваа ненародна  власт  мора да си замине, се наведува во соопштението на партијата.