Финансии 09.01.2019 23:52

Скок од над 82% на прометот на Берзата во декември

Скок од над 82% на прометот на Берзата во декември

Прометот на Берзата во декември 2018 година достигна вредност од 649.171.832 денари, што е за 82,25%
повеќе во однос на претходниот месец, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза.
Кај пазарната капитализација, што имаше вредност од 162.169.162.195 денари е забележано намалување
од 0,95% во однос на ноември. Намалување од 21,78% има и кај бројот на трансакции (1.411). Пораст од
0,01% е забележан кај индексот МБИ 10, којшто на крајот на годината беше 3.469,03 поени.
Топ пет најтргувани акции на Официјалниот пазар на Берзата се оние на: Комерцијална банка (36,98%
учество во вкупниот промет), Алкалоид (14,09%), Макпетрол (11,68), Стопанска банка (10,09%) и НЛБ
Банка (7,02%).
Победници на официјалниот пазар се акциите на: Фустеларко Борец од Битола со скок од (55,56%),
Стопанска банка Битола (9,74%), Арцелормиттал Скопје ЦРМ (6,76%), Реплек (3%) и Карпош (2,76%).

Од другата страна, како “губитници“ со најголем пад беа хартиите од вредност на: Арцелормиттал ХРМ
(-28,57%), ЗК Пелагонија од Битола (-17,54%), Винарска визба Тиквеш (-12,58%), Благој Ѓорев од Велес
(-10,94%) и Макстил (-10,94%).