Езерцата во градскиот парк станаа легла на комарци. Граѓаните се жалат дека состојбата станува неподнослива.
Паркот е идеално место за одмор и рекреација на граѓаните во летните денови но за жал исто така и за комарците и бубачките. Некој ќе мора да преземе нешто бидејќи место за сите во паркот нема.
Скопскиот градоначалник вели прскањето доцни, тендерот е обжален бидејќи Шилегов се сомнева дека набавените препарати се штетни за граѓаните.
Градоначалникот уверува дека за десетина ќе почнат со третирање на комарците а до тогаш, граѓаните ќе мора самите да се справуваат со инсектите како знаат и умеат.