Живот 07.05.2018 12:00

Скопската обиколница повторно поплавена(фото)

Скопската обиколница повторно поплавена(фото)

 

Скопската обиколница пак е поплавена. На истото место од каде што надојде водата пред речиси две години кога загинаа 22 лица, коловозот е затрупан со кал, камења и вода. Од големите вирови вода не се гледа дали има оштетувања на обновениот асфалт.

По поплавата во 2016 година, Јавното претпријатие за државни патишта без тендер, поради итноста, склучи договор со компанијата „Трансмет“ на Сеад Кочан за обнова на оштетените делови.   Компанијата доби од државата 2,6 милиони евра и обврска да реконструира вкупно 1,5 километар во делот од клучка Арачиново до клучка Стајковци. Договорот беше склучен во октомври 2016 година, а градежните работи требаше да завршат за четири месеци. Компанијата не го почитуваше договорениот рок и градежните работи ги заврши на средината на минатата година, но Јавното претпријатие не кажа дали плаќаат пенали за доцнењето.

Градежни експерти, во неколку наврати по несреќата, предупредуваа дека треба да се најде ново решение за одведување на атмосферските води, но од Јавното претпријатие објаснувањата беа дека се предвидени само поправки на штетите од поплавите.