Во вчерашната емисија Клик Плус на ТВ 21 гостуваше поранешниот министер за финансии, универзитетски професор и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Трајко Славески.
Во емисијата се зборуваше за економската состојба во земјата и за претстојниот референдум. Славески истакна дека Македонија и да влезе но НАТО и ЕУ придобивките би се чувствувале многу подоцна за Македонија кои толку многу се истакнуваат во кампањата за референдумот.
Славески истакна дека Падот на бруто инвестициите од 11 % во вториот квартал јасно кажува дека бизнис секторот и домаќинствата ги чувствуваат последиците од кризата.
-Неизвесноста што сега се создава со референдумот влијае врз одлуките на граѓаните и инвеститорите. На пример ако станува збор за инвестиции кои можат да се одложат како купување на нов автомобил едно домаќинство може да состави финансиска конструкција за купување на нов автомобил и според сегашната состојбата може да се случи да ја одложи таа набавка или стан а сето тоа влегува во инвестициска активност.