Живот 30.08.2018 19:41

Словачка објави дека ќе го олесни пристапот до пазарот на трудот за странските работници

Словачка објави дека ќе го олесни пристапот до пазарот на трудот за странските работници

Поради зголемениот недостиг на работна сила, Словачка објави дека ќе го олесни пристапот до пазарот на трудот за странските работници.

Првиот чекор ќе биде намалување на бирократските бариери за работодавците, рече премиерот Петер Пелегрини во вторникот.

Странците сочинуваат еден процент од населението во Словачка, која е на задната страна по бројот на имигрантите меѓу членовите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), изјави Пелегрини.

Од трговското здружение ЦДР предупредуваат на алармантиот недостиг на квалификувана работна сила во секторот автомобили и автомобилски делови, отворено посочувајќи ја бирократијата како главен виновник.

Од друга страна, Словаците имаат силни предрасуди во однос на вработувањето странци и тоа го изразија во демонстрациите во индустриските региони населени со странски работници, главно од Србија.

Досега Словаците одеа во другите земји членки на ЕУ во потрага по работа и Словачка ја прескокна тековниот имиграциски бран. Прашањето на бегалците предизвика уште повеќе контроверзии и ниедна словачка политичка партија не се залага за нивно прифаќање, забележува ДПА.