Актуелно 30.09.2018 21:05

Случајот пријавен во полиција: На граѓанин му се заканиле дека ќе му ја укинат социјалната помош доколку не гласа на референдумот

Случајот пријавен во полиција: На граѓанин му се заканиле дека ќе му ја укинат социјалната помош доколку не гласа на референдумот

Од МВР информираат дека денеска во 17:15 во полициската станица Свети Николе, заменик претседателот на Општинската изборна комисија Лозово известил дека истиот ден околу 17:00 часот во просториите на Општинската Изборна комисија во Лозово дошло лицето С.С.(44) од село Каратманово и пријавил дека во попладневните часови телефонски му се јавил А.В. и, како што кажал, инсистирал да излезе и гласа и му се заканил дека доколку не излезе ќе му била укината социјалната помош.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.