Актуелно 15.05.2018 15:22

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Р.Македонија ќе троши 27 илјади евра за овошје и зеленчук

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Р.Македонија ќе троши 27 илјади евра за овошје и зеленчук

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Р.Македонија планира да потроши 1.700.000  денари или повеќе од 27 илјади евра за набавка на овошје и зеленчук. Луксузирањaта на државна сметка не престануваат. Додека оваа влада ветуваше кратење на непродуктивни трошења се повеќе во јавноста излегуваат информации за набавки кои се со огромни суми и кои вклучуваат нарачки на скапи продукти и сето тоа со пари на граѓаните.

 

Додека нафтата поскапува, трошоците за живот растат а притоа нема повисоки плати кои беа ветувани од 500 евра менијата на институциите се богати и со најквалитетни продукти кои  ги коштаат граѓаните огромни средства.

Расипништвото на институциите не застанува, така на пример министерката Шекеринска имаше објавено јавна набавка за морска храна и за бадеми и лешници кои  исто беа со огромни суми.