Актуелно 08.03.2019 21:49

„Службен весник“ нема да ги објавува указите на Иванов, старото име на државата веќе нема да се употребува

„Службен весник“ нема да ги објавува указите на Иванов, старото име на државата веќе нема да се употребува

„Службен весник“ веќе нема да ги објавува указите и решенијата на претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој не го менува називот од претседател на Република Македонија во претседател на Република Северна Македонија. На интеренет страницата на претседателот на Република Македонија сѐ уште ништо не е променето.

Владата, министерствата, владините агенции веќе се заведени во Централниот регистар со новите имиња кои во вторникот ги објави Владата поради уставните измени.

Минатата недела во „Службен весник“ беа објавени указите на Иванов за одликување, унапредување и поставување воени претставници во странство. Иванов потпиша указ и за поставување одбранбено аташе во Франција и воен претставник во НАТО во Брисел како претеставници на Република Македонија.