Актуелно 18.08.2018 15:23

Сменет премиерот на Белорусија и тројца министри

Сменет премиерот на Белорусија и тројца министри

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска ги разреши премиерот Андреј Кобјаков и тројца министри со образложение дека не биле ефикасни.

Кобјаков беше премиер од 2014 година. За негов наследник е именуван  директорот на Развојната банка на Белорусија, Сергеј Румас

Лукашенко именува и четири потпретседатели на Владата, како и нови министри за економија, за комуникации и за индустрија. (МИА)

Најнови вести