Актуелно 25.07.2018 10:00

Снимка на турист покажува дека пожарот во Грција е подметнат

Снимка на турист покажува дека пожарот во Грција е подметнат

Според последните податоци, пожарите во Грција однесоа 74 животи, 187 луѓе се повредени, меѓу кои и 23 деца. Истрагата, раководејки се од начинот на кој избил пожарот,  не ја исклучуваат можноста дека  тој е подметнат. Видео снимката која ја направиле некои туристи тоа и го докажуваат бидејќи на неа се гледа човек кој пали дрвја.

Непознато лице за кое постои сомнеж дека е пироман или терорист, палел оган, а кога ги видел луѓето избегал во непознат правец.  На снимката не може да се види причината зошто лицето пали оган, но како што наведуваат експертите, во услови на високи температури во текот на летните месеци  доволна е една искра  да избие пожар.