Финансии 17.07.2024 12:21

Со ребалансот 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите

Со ребалансот 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите

Вкупно 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот, соопшти денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

На прес-конференција во Владата таа информира дека вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување. Планирнао е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки. Расходите се планирани на 362 милијарди 816 милиони денари што е зголемување од 19,178 милијарди денари.

Првично проектраниот БДП, потенцира, е неостварлив. Инфлацијата е предвидена на ниво од 3,5 отсто, а растот на нето платата за 13 проценти.

Според министерката, со ребалансот се обезбедени 4,1 милијарда денари за плати од кои 1,1 милијарда за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет. Во дел од институциите, како што рече Димитриеска Кочоска, имало предвидени плти само до јуни.

-При подготовката на ребалансот се тргна од претпоставките колку средства може да се прераспределат од ставки кои бележат слаба реализација. Со прераспределбата се обезбедени 20 милијарди денари, а дополнителни 11 милијарди денари се планирани за покривање на доспеаните обврски и обврски кои биле законски, а не биле планирани. Тоа резултира буџетскиот дефицит да се зголеми за 11,156 милиони денари, истакна Димитриеска Кочоска.

Од 2024 до 2028 државата само по основа на камати треба да исплати 1,800 милијарди евра.

Димитриеска Кочоска ја почна прес-ко со констатција дека опшатата состојба во Буџетот ги надминала очекувањата на Владата.

-Ветив дека ќе бидам секогаш искрена пред граѓаните. Затекнавме состојба која значи држава во хаос и долгови, список на желби наместо развој. Економијата е во клиничка смрт, нагласи Димитриеска Кочоска.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.