Советот на општина Кавадарци изгласал едногодишно ослободување од плаќање сметки за комунални услуги за социјалните случаи. Ослободувањето се однесува на сметки за користење на вода за пиење, собирање и транспорт на смет и други комунални услуги.
-Ослободувањето е за периодот од 1 април минатата година, до 1 април годинава. Субвенционирањето е на товар на локалната самоуправа, појаснуваат од Јавното претпријатие „Комуналец”.
Надзор врз спроведувањето на оваа одлука, ќе врши Комисијата за финансии и буџет при општината.