Финансии 10.09.2018 11:30

Социјалните случаи од Кавадарци се ослободени од плаќање комунални сметки

Социјалните случаи од Кавадарци се ослободени од плаќање комунални сметки

Советот на општина Кавадарци изгласал едногодишно ослободување од плаќање сметки за комунални услуги за социјалните случаи. Ослободувањето се однесува на сметки за користење на вода за пиење, собирање и транспорт на смет и други комунални услуги.

-Ослободувањето е за периодот од 1 април минатата година, до 1 април годинава. Субвенционирањето е на товар на локалната самоуправа, појаснуваат од Јавното претпријатие „Комуналец”.

Надзор врз спроведувањето на оваа одлука, ќе врши Комисијата за финансии и буџет при општината.