Времето ќе биде сончево и релативно топло, во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен правец.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 10, а максималната од 21 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево со утринска температура 7 и дневна до 25 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Извесно зголемување на облачноста ќе има од четврток.