Живот 20.04.2018 11:04

Сончево и топло време

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека попладне во источните делови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 4 до 13, додека, пак, максималната од 18 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата во текот на денот ќе се движи во интервал од 11 до 23 степени.

Во следните два дена времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Услови за локални слаби врнежи од дожд ќе има во првите два дена од следната недела.