Живот 17.09.2018 10:09

Сончево со мала до уменера облачност

Сончево со мала до уменера облачност

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до уменера облачност.

Утринската темретарура ќе се движи во интервалот од шест до 18, а дневната од 24 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време. Минималната темература ќе изнесува 11, а дневната ќе достигне до 31 степен Целзиусов.

Во следниот период продолжува периодот на стабилно, суво и релативно топло време со просечни дневни температури за овој период од годината. Во вторник ќе има мало зголемување на облачноста, а до крајот на неделата утринските температури ќе се во благо опаѓање. Утринските температурите во вторник ќе бидат од шест до 17, а дневните од 25 до 32 степени, во среда од седум до 16, односно од 26 до 31 степени. Во четврток прогнозата за утринските температури е од шест до 15, а за дневните од 26 до 32 степени, во петок соодветено од пет до 14, односно од 25 до 32 степени и во сабота од шест до 14, односно од 26 до 33 степени. УВ индексот во текот на целата недела ќе биде 6.