Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до нула степени, а дневната температура од 12 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до 16 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и суво време.Температурата на воздухот ќе биде во постепен пораст.