Актуелно 08.01.2019 19:53

Сообраќајот по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег

Сообраќајот по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.

Поради ниските температури, на некои места е можна појава на голомразица, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, соопштија ЈП Македонијапат и Автомотосојузот на Македонија кои апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.