Актуелно 18.11.2018 21:37

ХАОС НА ПАТИШТАТА: Поради врнежи од снег во прекин сообраќајот на неколку правци и премини

ХАОС НА ПАТИШТАТА: Поради врнежи од снег во прекин сообраќајот на неколку правци и премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Се препорачува намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата.

Поради обилните врнежи од снег од 17:00 часот патниот правец  Дреново – Прилеп е затворен за сообраќај на тешки моторни возила, а забрана за сообраќај на камиони беше воведена и на планинските премини Стража и Плетвар.

По целосната блокада на сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка поради сообраќајка кај село Псача, од 17 часот патот е пуштен наизменично за сообраќај