Економија 16.08.2018 20:07

Сопственикот на пивото „Корона“ вложува четири милијарди долари во марихуана

Сопственикот на пивото „Корона“ вложува четири милијарди долари во марихуана

Компанијата Констелејшн брендс која е сопственик на пивото Корона, ќе инвестира четири милијарди долари во канадскиот производител на марихуана Канопи.

Инвестицијата на Констелејшн брендс е досега најголема во производството на марихуана.

Минатата година Констелејшн брендс инвестираше 200 милиони долари во Канопи, како дел од договорот за безалкохолен пијалок базиран на марихуана.

Констелејшн брендс сака да ја искористи шансата бидејќи се повеќе држави легализираат марихуана.

Двете компании објавија дека инвестицијата ќе му овозможи на Канапи да го прошири своето работење во скоро 30 земји кои легализираа марихуана за медицинска употреба.

Најнови вести