Македонската банкарска асоцијација денеска во Скопје ќе биде домаќин на 46-тиот состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација (ЕБФ).
На состанокот, покрај претставниците на асоцијативните членки, ќе присуствуваат и Вим Мијс, главен извршен директор на Европската банкарска федерација и Џовани Сабатини, претседавач на асоцијативните членки и член на Извршниот одбор на ЕБФ.