На два дена по референдумот, состанок вечерва има Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Извори од партијата информираат дека станува збор за редовен состанок на кој раководството на партијата ќе разговара за актуелните состојби во земјата.
Инаку, претходно лидерот на партијата Христијан Мицкоски, истакна дека нивните пратеници нема да поддржат уставни измени.
Во однос на предвремените избори, ВМРО-ДПМНЕ излезе со свои барања – 100 дена претходно да има влада според Пржинскиот модел.