Мозаик 14.06.2018 10:03

Совети за штедење

Совети за штедење

Осум совети кои ќе ви помогнат:

1.Проверете ги понудите на сите банки.

Само на овој начин ќе бидете во можност да ја изберете најповолната опција за вас. Кога е во прашање штедење, најповолна понуда е онаа која нуди највисока каматна стапка.

2. Орочувајте ги средствата само во Неделата на штедење.

Избегнувајте го орочувањето на средствата во продолжените акции на поединечни банки, бидејќи таков потег може да ви создаде проблем со неможност на реорочување на средствата по стимулативни камати доколку продолжените акции на банките веќе не се актуелни.

3. Не орочувајте повеќе од 30.000 евра во една деловна банка.

Со орочување на средства до износот од 30.000 евра во една деловна банка, вашата заштеда е во целина покриена со гаранциите на Фондот за осигурување на депозити на Република македониа. Во Србија се гарантираат до 50.000 евра.

4. Избегнувајте конверзија на валути.

Доколку постојат поатрактивни понуди на каматни стапки на влоговите во други валути, секогаш имајте во вид дека секоја конверзија на валутите носи трошоци во вид на процент на вкупниот износ на конверзијата. Врз основа на тоа обидете се да ги прсметате трошоците и користа од евентуално штедење во друга валута.

5. Избегнувајте рокови пократки од една година.

Доколку планирате да штедите на подолг рок, единствено штедењето орочено на 12, 24 и 36 месеци за време на Недела на штедење ви овозможува истите средства да ги орочите под стимулативни услови и следната година..

6. Подолг рок значи и поголем принос

Имајќи го во вид трендот на опаѓање на каматните стапки во домашните деловни банки, штедењето на подолг рок ви носи поголем принос и помалку грижи околу реорочување на средствата.

7. Добро проучете ги подароците со штедењето.

Банките поради промовирање на поатрактивна понуда заедно со штедењето нудат и подароци, кои најчесто се состојат од поволни услови за некој друг производ на банката. Имајте во вид дека овие поизводи обично носат и дополнителни трошоци кои во наредниот период можат да го намалат приносот од орочувањето на средствата.

8. Камата однапред е добар подарок.

Доколку имате понуди од две деловни банки со иста каматна стапка на орочените средства, од кои едната е исплата на каматата оданпред, без посебна анализа одберете ја неа, дури и доколку подразбира истовремено орочување на остварената камата. На овој начин вкупниот принос станува поголем за ист иснос на средства.