Актуелно 08.12.2018 17:14

Советниците во Град Скопје ќе пресечат дали вработените на Клиника ќе плаќаат дупло поскап паркинг?!

Советниците во Град Скопје ќе пресечат дали вработените на Клиника ќе плаќаат дупло поскап паркинг?!

По одлуката за поскапување на паркингот во Клинички центар реагираат здравствените работници.

-Како е можно да се поскапи паркингот и за вработените во клиниките. Ова го нема никаде, зачудено коментира вработен во една од клиниките во кампусот Мајка Тереза. Реакции и на социјалните мрежи. -Здравствени работници, ако не и најдефицитарниот кадар во нашава земја, пресудни за благосостојбата и опстанокот на сите нас, ќе плаќаат повеќе од двојно повисока цена за паркинг на своите работни места во Клинички центар?! Одлуката ја донел Управен одбор на Јавното препријатие Градски паркинг Скопје. Да потсетам дека ниту јавноста ниту ние, советниците од опозицијата, НЕМАМЕ ПРИСТАП ДО НИЕДНА БИОГРАФИЈА НА НИЕДЕН ЧЛЕН на надзорни и управни одбори во јавните претпријатија. Ниту правниот сектор во рамки на Град Скопје нема пристап до нивните биографии. За ова веќе реагирав јавно. Членовите на одборите ги бира партијата која е на власт и СДСМ си решиле дека ниеден закон не налага пристап до биографските податоци на овие лица кои се платени со наши пари! Децениската практика во Град Скопје (што дури и ВМРО ја почитувало) – не важи.  Моралната одговорност – не важи. Ветувањата за транспарентност, отвореност, работа во служба на граѓаните – не важат. Тие се само корисни предизборни флоскули за ловење наивни гласови. Во повеќе наврати барав да се симнат од дневен ред точките со назначување членови на надзорни и управни одбори за кои немаме никаква информација. Нормално, „коалицијата за слобода, правда и демократија“ едногласно ги отфрлаше сите мои предлози. Официјално со дописи барав од Град Скопје пристап до биографиите на овие лица што ми е деловничко право, но одговорот беше ист – според закон не сме обврзани да ги дадеме, реагира на својот Фејсбук профил вработена во кликините. Таа оди и понатаму и говори за суштината за која вели дека е следна: -Здравствените работници се круцијален кадар во секоја земја, здравствените работници работат во смени, имаат дежурства и доаѓаат по итен повик, здравствените работници имаат исклучително стресна работа. Дали на изготвувачот на оваа и на секоја претходна одлука што опфаќа НАПЛАТА НА ПАРКИНГ НА РАБОТНО МЕСТО ЗА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ не му текнало дека овие лица вршат дејност која е во функција на заштита и на неговото здравје и на здравјето на неговите блиски или тој и неговото семејство се лечат на приватно?! Дали изготвувачот на срамнава одлука е свесен дека здравствените работници некогаш и по половина час до час треба да дојдат порано на работа за „да фатат место“ бидејќи немаат загарантиран паркинг-простор (ама имаат загарантирана наплата за него!)? Дали изготвувачот е свесен дека со само еден потег целосно ги обезвреднува жртвите кои ги даваат здравствените работници (станување во ниедно време, доаѓање во доцни часови на работа во темници со страв, стрес поради претстојниот ангажман итн.), а државата/Градот уште сакаат да профитираат врз нивен грб?!, пишува таа. Оттука како што пишуваше таа, а со неа се согласуваат и други вработени, под итно да се обезбеди бесплатен паркинг за здравствените работници и пациентите и нивните блиски од Клинички и ЈЗУ 8 Септември. Како што пишуваше и „Макфакс“, од 350 денари месечен надомест, според предлогот на јавното претпријатие Градски паркинзи, цената за вработените се зголемува на 800 денари. Одлуката на Градски паркинг за биде официјална треба да помине во Советот на Град Скопје.