Маричиќ се обиде да ги убеди гледачите дека оние кои излегле на референдумот одржан минатата недела, односно 36 отсто од потребни 50 проценти+1 гласале „За“ договорот.
На ова, вчудоневидена од манипулативниот одговор реагираше и водителката на „Ал Џазеира“ која го замоли Маричиќ да не се обидува да манипулира со фактите, и впрочем дека само 36% излегле на референдумот, додека огромното мнозинство во потполност ги изигнорирало повиците на СДСМ.
Ова, според водителката е повеќе од јасен одговор дека граѓаните не сакаат да го прифатат договорот со Грција, а секој обид да се претстави поинаку би бил лага.