Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше видео обраќање во кое кажа дека ќе се казнуваат и оние кои на интернет би пропагирале граѓаните да не гласаат на референдумот.
-Секаков вид на притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите. Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на право на глас ќе биде санкционирано, изјави Спасовски.
Инаку, на социјалните мрежи многу голем број граѓани повикуваат на бојкотирање на референдумот за промена на уставното име и Уставот на Република Македонија.