Мозаик 27.09.2018 12:23

Според анализите најпосетуваните дестинации во светот во 2017-та година се Бангкок, Лондон и Париз

Според анализите најпосетуваните дестинации во светот во 2017-та година се Бангкок, Лондон и Париз

Бангкок, Лондон и Париз се најпосетуваните дестинации во светот во 2017-та година, според бројот на странските посетители, покажуваат резултатите од годишната анализа Mastercard Global Destination Cities Index.

Според анализите, во контекст на листата на која се застапени 162 најпосетени светски градови, позитивните економски текови, исто така, влијаат на зголемувањето на меѓународните патувања.

Така, податоците за десетте најпосетувани дестинации во 2017-та година покажуваат зголемување на бројот на посетители на речиси сите главни дестинации, со исклучок на Сеул.

Со нешто повеќе од 20 милиони странски посетители кои престојувале барем една ноќ, предничи Бангкок, додека бројот на оние кои престојувале во Лондон е нешто помал, односно 19,8 милиони. Во Париз, пак, се забележани 17,4 милиони туристи, што го прави трет град на листата.

Прогнозата за оваа година укажува на продолжување на позитивниот тренд на најпосетените десет дестинации, при што се очекува Истанбул да забележи највисок раст во бројот на посетители, од речиси 20 проценти.

Со оглед на проектираниот раст на посетители од 9,6 отсто, главниот тајландски град Бангкок, најверојатно, ќе ја задржи водечката позиција и годинава. Исто така, наведено е дека посетителите во тој град имаат тенденција да останат во просек по 4,7 ноќевања и да трошат просечно по 173 американски долари дневно.