Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија има Скопскиот регион со 43.1%, додека најмало учество има Североисточниот регион со 5.0%.
Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 143.4, Југоисточниот регион со индекс 119.1, Вардарскиот регион со индекс 105.3. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Македонија.
Во 2016 година, во Република Македонија се реализирани 145 040 милиони денари инвестиции во основни средства, што е за 8.8% повеќе во однос на 2015 година. Најголемо учество во вкупните бруто-инвестиции во основни средства во 2016 година и понатаму има Скопскиот регион со 51.9%, додека најмало е учеството на Североисточниот регион со 1.7%.
Споредено со 2015 година, значителен пораст на инвестициите во основни средства е забележан во Југоисточниот регион (60.2%), Пелагониски регион (28.7%) и Вардарскиот регион за (20.4%). Намалување на инвестициите во основни средства е забележано во Североисточен (23.0%), Полошкиот (16.0) и во Источниот регион (9.4%).