Мозаик 14.11.2018 18:20

Според ЕБОР работењето во транзиција ќе донесе добро на сите

Според ЕБОР работењето во транзиција ќе донесе добро на сите

Револуцијата во глобалниот начин на креирање работни места создава глобални комплексни предизвици, но заканата од пореметување на постоечките состојби може да се претвори во можност, доколку се одговори со навремени правилни политики, порачува новиот извештај на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

ЕБОР Извештајот за транзиција 2018-2019: Работење во транзиција утврдува дека и покрај ризикот од демографски промени, брзо-движечкиот технолошки развој и миграцијата, трансформациите ќе донесат добро на сите. ,,Независно од фактот што трансформацијата на работните места ќе претставува главен предизвик за креаторите на политиките, нашата општа порака е оптимистичка”, пишува Сергеј Гуриев, Главен економист во ЕБОР во неговиот вовед на Извештајот за транзицијата на ЕБОР. ,,Менувањето на начините на работење може да резултира во генерирање на видливи придобивки. Фер дистрибуцијата на овие бенефити е видлива, а иднината на работните места ќе креира многу работа, која може, и треба да биде перспективна”, истакнува професор Гуриев.

Извештајот го анализира и поместувањето на глобалните односи на работните места и нивното влијание врз земјите каде ЕБОР работи, промовирајќи ефикасни и одржливи пазарни економии.

Главните демографски промени влијаат врз обезбедувањето на работната сила, оставајќи голем број од овие земји, да се справуваат со проблемите поврзани со престара или премлада популација. Технолошки развој со средно-образувана работна сила го поларизира пазарот на труд во високо и ниско образувани сектори, што е предизвик за регионите кои имаат искусна децентрализација и кои се соочуваат со релативно високо ниво на емиграција на образуваните кадри. Во поширока смисла, растечкото ниво на миграција, се префрла на географска локацијата на работните места и работници, на меѓународно ниво и внатре, во секоја земја одделно.

Извештајот за транзицијата на ЕБОР, во своите оценки за начинот на кој се менува светот на работните места, иденитфикува начини на ублажување на влијанијата врз демографските промени, одливот на образуваните кадри и трендовите на миграција.

Во однос на демографските промени, извештајот идентификува приоритети за ,,младите” економии (како Азербејџан, Турција, и економиите на јужниот и источниот Медитерански регион и централна Азија), но и за економиите од европските земји кои се во подем, и каде има постара популација.

Кај ,,младите” економии, потребно е да се поттикне физичкиот капитал по работник, да се подобри човечкиот капитал и поголемото учеството на работна сила од женската популација. Подобрувањето во деловната клима и посилните рамки на макроекономските политики, можат да им помогнат на економиите во контрола на вкупните глобални заштеди, за да се финансира инвестирањето во машини, опрема и образование”, се нагласува во извештајот.

Во економии каде популацијата е постара, се препорачува реформа на пензискиот систем кој поаѓа од статутарната возраст на пензионирање и охрабрување на подолготрајно учество во работната сила, како и подобрување во здравставниот систем, работните услови и можностите за учење во тек на целиот животен век.

Автоматизацијата влијае врз зголемувањето на бројот на работни места на глобално ниво, а извештајот ги идентификува застарените образовни системи како пречка во натамошната надградба. Во регионите каде ЕБОР има свои канцеларии, процентот на популација кој се смета дека има добри вештини од областа на информациско-комуникациски технологии, варира од 33% во Естонија, до само 10% во Турција. Во голем број земји каде ЕБОР инвестира, недостатоток на работна сила со подобри вештини бележи подобрување со процесите на емиграцијата од страна на образуваните работници. ,,Политиките кои поддржуваат обука и надградување на локалните вештини, како на пример стимулативни мерки за обука на нововработените, може да им помогнат на компаниите да се справат со зголемен обрт на вработени и да го минимализира лошиот ефект од емиграција”, се вели во извештајот.

Но, од друга страна, емиграцијата на работната сила претставува загрижувачки факт во голем број на земји каде ЕБОР инвестира. Меѓународните миграциски стапки во регионите на ЕБОР се зголемуваат од 1990 година и постојано се повисоки од светскиот просек. Западниот брег и Газа имаат највисока стапка на емиграција. Главната дестинација за миграните кои си заминуваат од економиите на ЕБОР се Русија, Германија, Украина, САД и Казакстан.

Потенцијалните емигранти се самци, мажи и млади кои живеат во урбани средини. Тие се подобро образувани од просекот и помалку задоволни од квалитетот на локалниото уредување. Нивото на задоволство со локалниот образовен систем, исто така изгледа дека е одлучувачки фактор.

Извештајот утврдува дека подобрувањето на деловната клима и квалитетот на јавните услуги може значајно да ја намали желбата на луѓето да емигрираат. На кратки стази, таа ја намалува продуктивноста на компаниите во земјите од каде што потекнуваат емигрантите, а на долги стази го поттикнува трансферот на знаење во регионите на ЕБОР, поддржувајќи ја иновацијата.

Како резултата на ова, новите држави членки на ЕУ го намалуваат јазот на развој со напредните економии во однос на квалитетот и бројот на патенти. Извештајот дава и преглед на искуствата на бегалците кои доаѓале од поранешна Југославија во 1990-те години. Така на пример, по војната, голем број од тие 500.000 луѓе кои живееле и работеле во Германија, се вратиле дома. Податоците укажуваат дека ова води кон значајно зголемување на раст на извозот од економиите на земјите на поранешна Југославија. Тоа што е особено интересно е и фактот дека највисоките стапки на извоз се забележани во секторите каде поранешни бегалци работеле додека биле во Германија.