Според Фенг Шуи, боите на аксесоарите, накитот или облеката претставуваат хармонија на животната енергија, а ние сакаме да ви ги претставиме некои од најдобрите за оваа година.
Во оваа древна филозофија, бојата се смета за една од најсилните начини да се изразат елементите на фенг шуи. За да ја искористите најдобрата можна енергија во текот на оваа година, Фенг Шуи нуди неколку совети кои можат да ви помогнат да ја балансирате вашата карма во 2018 година.
Пред да почнеме да ги проучуваме боите кои се наменети за оваа година, треба да ги разгледаме нашите најдобри фенг-шуи бои за целиот живот, така да се каже. Оваа информација е заснована на вашиот фенг-шуи елемент што го добивате кога сте родени, но ние ќе го сториме тоа некој друг пат.
Остануваме во оваа година, за која најсреќните нијанси се поврзани со земјените фенг шуи елементи. Многу е лесно да се разбере зошто, особено кога знаеме дека 2018 година е година на кучето, а вие би требало да бидете во тек и хармонија со овие елементи, за време на целата година.
Вториот избор за најсреќни бои во 2018 година се сите оние кои припаѓаат на фенг-шуи елементот – оган, бидејќи ги храни и создава елементи на земјата и произведува циклус во кој се лоцирани сите пет компоненти на оваа филозофија.
Сепак, постојат бои кои привлекуваат лоша енергија и најдобро е да се избегнат оваа година. Повторно, сето ова е засновано на играта на петте фенг шуи елементи.
Елементи кои ја ослабуваат енергијата на земјата, која е главна во текот на 2018 година, се вода, дрво и метал. Од друга страна, ова повторно се базира на специфичните интеракции на сите фенг-шуи елементи.
Најсреќните бои за оваа година се теракота или бојата на глина, светло жолта, песочна и беж.
Покрај нив тука се и боите кои се идеални за гардеробата и разни модни додатоци за 2018 година, а тоа се црвената, портокаловата, жолтата, виолетовата, розевата и виолетова / црвена.
Боите кои што треба да ги избегнувате во годината на кучето се црна, сина, бела, сива, зелена и кафена.