Живот 09.06.2018 10:07

Која боја треба да биде вашиот паричник за да привлекувате повеќе пари

Која боја треба да биде вашиот паричник за да привлекувате повеќе пари

Според фенг шуи ако имате црвен паричник тоа значи дека имате добра енергија и го привлекувате богатството во вашиот живот.

Каква боја е вашиот паричник? Според фенг шуи експертите, ако имате паричник во некоја од следниве бои, вие сте на добар пат.

Црвен паричник

Црвената боја е позната по тоа што привлекува богатство во животот. Покрај тоа привлекува добра енергија и во рекордно краток рок ги уништува негативните вибрации.

Син паричник

Сината боја исто така е симбол на изобилство, само треба да бидете повнимателни со нијансите. Темно сините паричници се гаранција за богатство.

Црн паричник

Колку и да ви изгледа темно и едноставно, црната боја значително може да ви ги подобри финансиите.

Кафеав паричник

После црната, кафеавата е најпопуларната боја за паричници. Посебно богатство ќе ви донесе ако има текстура и е изработен од високо квалитетен материјал.

Зелен паричник

Зелената боја е одличен избор ако сакате нов и свеж почеток, без оглед на тоа какво минато сте имале.