Невенка Стаменковска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која говореше за нацрт амнадманите во Комисијата за уставни прашања, кажа дека владата предводена од СДСМ нема обезбедено никаква гаранција доколку уставните промени поминат во Македонија, а не ги прифати Грција.
-И покрај тоа што премиерот тврдеше дека амандманите нема да стапат на сила ако договорот од Преспа не биде ратификуван, гледаме дека процесот тече, а не е во правен сообраќај во државава, рече Стаменковска.
Таа запраша зошто Заев ги лаже постојано граѓаните, и кажува различни работи за договорот, а сега веќе во тек е амнадманска расправа.