Актуелно 12.07.2018 18:08

Србов: Се обидуваат да прикажат дека ако си против Договорот со Грција, тогаш си против ЕУ и НАТО

Србов: Се обидуваат да прикажат дека ако си против Договорот со Грција, тогаш си против ЕУ и НАТО

Членот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Србов во гостувањето во емисијата „Алфа Скоп“ рече дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и премиерот Зоран Заев го кажуваат иста работа, односно дека ќе се прифати Договор со Грција и ќе се влезе во НАТО и ЕУ, или ако некој е против договорот, тогаш тој е против НАТО и ЕУ. Србов додава дека се планира да се злоупотреби референдумот како алатка.

– Во едно референдумско прашање става три различни суштински работи. Те прашува дали си против промена на името, дали си за влез во НАТО и дали си за влез во ЕУ. Тебе тоа те условува да посакуваш да влезеш во НАТО и ЕУ, а притоа да мораш да го прифатиш договорот кој е катастрофален. Од друга страна, доколку си против договорот со Грција ти си ретрогаден елемент – како што се обидуваат да не прикажат“ рече Србов.

Потенцираше дека премиерот е спремен да ги изигра своите граѓани само да го спроведе Договорот.

Во врска со тимовите кои работат со Бугарија и со Грција во однос на прашањата за историјата, Србов вели дека тие имаат за цел да ја променат историјата на Република Македонија.

-Тимот кој работи со Република Бугарија нема излезено со јавна изјава да каже за што преговара, до каде се преговорите и до каде се со несогласувањата. Но, дел од бугарскиот тим излегува секојдневно и велат дека македонскиот народ не постои, дека сме творевина на Тито и дека им се дадени рамки на македонските историчари како треба да се одвиваат преговорите, вели Србов.

Во однос на промената на името, потенцира дека Македонија жртвува апсолутно се.

-Ние жртвуваме апсолутно се. Го жртуваме нашето постоење досега. И сега излегува Зоран Заев и решава дилеми која светската наука не може со векови да ги реши. Ние го влечеме името од територијата каде што сме живееле. Ние како Македонци сме создале држава на еден дел од таа територија и ако го смениме тоа, ние го менуваме идентитот. И сега некој сака тоа да ни продаде дека јазикот бил од словенско потекло или пак со државјанството. Тоа е нешто што ние претходно сме го поседувале а сега го губиме, рече Србов.

Вели дека во овој случај Грција не се откажува од апсолуно ништо. Тој смета дека може да се дојде до подобар договор и точките околу историјата и околу употребата на името внатре во државата.