Актуелно 30.10.2018 22:47

Србов: Власта селективно го отвора прашањето за помирување кога тоа и е потребно за уставни измени

Србов: Власта селективно го отвора прашањето за помирување кога тоа и е потребно за уставни измени

Србов потенцираше дека постои селективност кај власта затоа што премиерот Зоран Заев сака да ги ослободи тројцата пратеници кои со намера овозможиле толпата народ да влезе во зградата на Собранието на Република Македонија, а притоа во затвор да седат луѓе како типот на дедото кој ја повлече Шекеринска за коса.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во оваа фарса која ја спроведува власта за наводно помирување и ќе се обидеме овој закон кој веќе го предложивме да помине во Собрание. Бидејќи за да дојде до помирување мора тој закон да ги опфати сите учесници во 27 април. Во друг случај нема помирување туку поделба, истакна Србов.

На прашањето дали со законот за амнестија кој го поднесува ВМРО-ДПМНЕ автоматски се учествува и во уставните измени Србов нагласи дека помилувањето и законот не смее да се поврзуваат со уставните измени кои произлегуваат од договорот со Грција и дека власта и Заев намерно ги поврзуваат токму затоа што нив им зависат едно од друго, иако тоа се две различни нешта.