Финансии 02.07.2024 10:30

Средба Димитриеска Кочоска-Агелер: Соработката со нашиот стратешки партнер ќе се зајакнува, ни претстои многу работа во спроведување на реформите

Средба Димитриеска Кочоска-Агелер: Соработката со нашиот стратешки партнер ќе се зајакнува, ни претстои многу работа во спроведување на реформите

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Министерството за финансии оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Ангела Агелер.

На средбата беше истакнато значењето на поддршка што Министерството за финансии и севкупно ја добива земјава од САД и дека таа подддршка и соработка ќе се зј.

„САД се стратешки партнер на земјава и тоа стратешко партнерство кое во континуитет се одржува од независноста ќе продолжи и во иднина. Тоа е значајно и клучно за унапредување на демократските процеси во земјава, владеење на правото, економски просперитет и обезбедување поголема стабилност и развој на земјата“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека претстои многу работа и дека со силна посветеност ќе се пристапи кон спроведување на реформите коишто се клучни за иднината на земјата, а во остварувањето на тие реформи значана е одшаа од стратешките партнери на земјата како САД.

На средбата соговорниците се осврнаа и на поддршката што Министерството за финансии ја добива од Трезорот на САД во градење на капацитетите на институцијата во обезбедување стабилност во јавните финансии и фискална одржливост.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.