Финансии 03.07.2024 13:15

Средба Димитриеска Кочоска – Ангеловска Бежоска: Координиран пристап во водење на монетарната и фискалната политика фактор за макроекономска стабилност и економски раст

Средба Димитриеска Кочоска – Ангеловска Бежоска: Координиран пристап во водење на монетарната и фискалната политика фактор за макроекономска стабилност и економски раст

Меѓусебна соработка и координиран пристап во спроведување на фискалната и монетарната политика е клучот за обезбедување макроекономска и финансиска стабилност. Ова беше констатирано на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

Министек Димитриеска-Кочоска на средбата потенцира дека Министерството за финансии ќе води фискална политика насочена кон враќање на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност преку постепена фискална консолидација и подобрување на управувањето на јавните финансии и одржување високо ниво на капитални расходи. „Фискална политика“, додаде, „која ќе биде во функција на економскиот раст, во услови на умерено и одржливо ниво на дефицит и јавен долг“.

Очекува дека добрата координација на монетарната и фискалната политика заедно со одржувањето умерен буџетски дефицит и стабилност на девизниот курс ќе придонесат кон намалување на инфлацијата којашто се очекува во периодот 2025-2028 година да изнесува помеѓу 2% и 2,5% на годишно ниво.

На средбата од страна на министерката беше посочено дека Владата ќе ја почитува независноста на Народната банка и очекува дека таа преку навремени мерки и активности ќе одржува ниска инфлација, стабилност на девизниот курс и ќе се грижи за ефикасен и стабилен финансиски систем.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ѝ го честиташе стапувањето на функција на минстеркт Димитриеска-Кочоска и ја истакна заложбата за координирање помеѓу монетарната и фискалната политика заради задржување на макроекономската стабилност.

„Ефикасната соработка помеѓу монетарната и фискалната политика е од витално значење за надминување на економските предизвици од денешницата и за поттикнување одржлив раст. Во услови на глобална неизвесност, усогласувањето на овие политики е исклучително важно за стабилизирање на инфлацијата на трајна основа, за поддршка на инвестициите и на вработеноста. Со овој координиран пристап се зајакнува коо отпорност и на преден план се става стабилноста во окружувањето коешто постојано се менува“, посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.