Актуелно 15.03.2019 10:11

Средба Мицкоски-Петричек: Владата се занимава со политички прогон наместо со решавање на проблемите на граѓаните

Средба Мицкоски-Петричек: Владата се занимава со политички прогон наместо со решавање на проблемите на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски придружуван од секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остварија средба со Чешкиот министер за надворешни работи, Томас Петричек.

На средбата се разговараше за стратешките приоритети на државата и актуелната општествена и политичка состојба.

Мицкоски го нагласи недостатокот на владеење на правото и правната држава како суштински елемент во функционирањето на власта.

-Владата се занимава со политички прогон наместо со решавање на проблемите на граѓаните, а растечката корупција е присутна во сите сегменти во општеството. Новата матрица на исклучително самоволие на заевизмот ги уништува надежите за исчекор во било која област значајна за граѓаните, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува европската интеграција на земјава и членството во НАТО, и напредокот треба да биде резултат на реформи и минат труд.

Најнови вести