Мозаик 28.05.2018 11:07

Среќа или нешто друго? За шест месеци фатил четири лотарии и се збогатил за 6 милиони долари

Среќа или нешто друго? За шест месеци фатил четири лотарии и се збогатил за 6 милиони долари

На маж од Калифорнија навистина му се посреќи. За шест месеци е побогат за повеќе од шест милиони долари, играјќи четири лотарии.

Антулио Мазариегос првата добивка ја освоил во ноември минатата година кога освоил милион долари на грепката „Scratchers“, па решил тука да не застане.

И наредниот пат го посакала среќата, по што освоил 1.000 долари, третиот 600.

Тие пари ги вложил во лотаријата „California Black Premium Scratchers“ и во петокот ја освои најголемата награда од пет милиони долари.

Тој изјави дека едноставно сака да игра, но оти не знае што е причината за неговата среќна низа.

Мазагиегос не кажа на што ќе ги троши парите.