Министерот за финансии на Србија, Душан Вујовиќ поднесе оставка поради лични причини, објавија синоќа српските медиуми.
– Мислам дека во услови на демократија четири години се разумен рок човек да се покаже на јавна функција и затоа би сакал од семејни, лични и професионални причини да се повлечам од функцијата министер за финансии во Владата, наведе Вујовиќ.
Тој во оставката доставена до премиерката Ана Брнабиќ наведува дека оставката е неотповиклива. Оставката ќе биде објавена во текот на денот.
– Денеска се точно четири години од моето прво именување за министер во Владата на Србија. Иако во меѓувреме уште двапати беше именувана влада, јас овој период го сметам за континуитет во реализација на програмата за реформи, што е дефинирана во 2014 година, се посочува во писмото на Вујовиќ.
Тој се осврнува и на резултатите остварени во неговиот ресор.
– Во време на мојот мандат остварени се мерливи резултати, кои вклучуваат макроекономска стабилизација, фискална консолидација и дефинирање на структурни реформи неопходни за резултатите, признаени во земјата и во странство, трајно да се одржат, наведува Вујовиќ